Политика на приватност
Артист Системс Дооел (во понатамошниот текст само Артист) Ве уверува дека во целост ја почитуваме применливата законска регулатива за заштита на личните податоци и со осбена почит кон Вашата приватност се грижиме да обезбедиме што е можно подобри електронски технологии кои обезбедуваат подобро и посигурно мрежно искуство, како и највисок степен на заштита на Вашата приватност и Вашите лични податоци. Оваа Политика е во целост усогласена со важечките законски прописи од областа на заштитата на личните податоци во Македонија, а нејзината соодветна примена допринесува кон уште поголем степен на заштита на личните податоци. Наша основна обврска е почитување на сечие право на приватност и право на заштита на личните податоци, а сето тоа го правиме посветено бреднувајќи ја довербата која Вие ни ја укажувате споделувајќи ги своите лични податоци со нас и посетувајќи ја нашата интернет страница.
Подоле изнесеното се однесува на собирањето и обработката на личните податоци.
Со употребата на нашата веб страна, сложни сте со начинот на собирањето и обработката на податоците опишани во оваа Изјава.
Изјава за заштита на приватноста
1. Собирање и обработка на лични податоци
Собирањето на лични податоци ни е потребно заради остварување на една или повеќе од наведенит цели:
- примање на електронски (онлајн) нарачки од корисниците преку нашата онлајн продавница;
- брза и навремена достава на купените производи до адресата на корисниците;
- побрзо, полесно и поедноставно да ги проследиме сите известувања и информации до корисниците;
- побрзо, полесно и поедноставно пронаоѓање на производите и/или услугите кои ги нудиме од страна на корисниците;
- овозможување на услуги за сервис на производите кои се купиле од страна на корисниците;
- навремено известување за сите нови производи или понуди за кои се заинтересирани корисниците;
- да се користат сите поволности кои ги нудиме исклучиво до корисниците;
- остварување на заедничка комуникација со корисниците;
- примање на забелешки, коментари, пофалби и критики.
Ги уверуваме сите наши корисници, дека нивните лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради за која се собрани. Собирање и обработка на личните податоци за друга цел, различна од погоре наведените, може да се врши исклучиво и само врз основа на претходно дадена согласност од корисникот или заради извршување на законски обврски.
2. Правна основа и начин за обработка на лични податоци
Личните податоци ги собираме, обработуваме и чуваме законито, транспарентно и правично. Лични податоци се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети лица само од страна на вработените кои се посебно овластени за тоа. Личните податоци можат да им бидат доставени на надлежни органи само во согласност со постапка уредена со закон.
Обработката на личните податоци може да се врши:
- врз основа на претходно дадена согласност од страна на корисникот за обработка на личните податоци за една или повеќе цели;
- обработката е неопходна за исполнување на нашите законски обврски;
- обработката е неопходна заради реализација на договор склучен со корисникот или со цел да се преземат чекори на барање од корисникот, пред да се пристапи кон склучување на договор;
- обработката е неопходна со цел заштита на интересите на корисникот или на трети лица во итни случаи;
- обработката е неопходна за извршување на задача/и извршени во јавен интерес и/или при вршење на службени овластувања;
- обработката е неопходна за целите на нашите легитимни интереси, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен во случаи кога слободите и правата на корисникот како субјект на лични податоци преовладуваат над таквите интереси.
- Обработката на личните податоци се врши исклучиво во согласност со прописите за заштита на лични податоци на Македонија.
3. Kатегориите на лични податоци кои ги собираме заради остварување на горенаведените цели се следните: Име и презиме; Адреса (адреса на живеење; град; поштенски код); Е-маил адреса; Контакт телефон; Забелешка/коментар за извршена нарачка на производи и/или услуги.
При секоја посета на нашата веб страна, ние ги обработуваме лични податоци, само доколку истите доброволно се дадени од страна на корисникот преку користење на следните опции: Контакт; Регистрирај се / Најави се; Електронско вршење нарачки преку нашиот електронски систем; Електронско плаќање за извршените нарачки.
Секогаш кога се користи некоја од горенаведените опции, ние ги собираме личните податоци на корисникот.
4. Рок на чување на лични податоци
Личните податоци ќе бидат задржани онолку долго колку што е потребно за остварување на целите согласно оваа Политика (изјава) за приватност. Личните податоци ќе бидат задржани само до кога е потребно заради усогласување со нашите законски обврски, заради остварување на нашиот легитимен интерес и спроведување на нашите правила и политики.
Некои од личните податоци, може да се чуваат и подолго од предвиденото, исклучиво заради цели во врска со постапки кои се водат пред надлежни државни органи и институции.
5. Категории на корисници на кои може да им бидат доставени Вашите лични податоци
Личните податоци се обработуваат само во рамки на нашата команија. По исклучок, во случаи и под услови предвидени со закон, може да ги доставиме личните податоци на следните категории на корисници: Адвокати; Нотари; Извршители; Судови; Сметководители, Други правни лица кои податоците ги употребуваат за остварување на правата и интересите на корисникот (банки, осигурителни компании и слично) и останати правни лица и овластени државни органи, установи и институции.
Право на пристап до личните податоци имаат само нашите вработени лица кои се посебно овластени за нивно собирање и обработка. Особено не дозволуваме неавторизиран и незаконски пристап до личните податоци, ниту вршиме нивен пренос и/или откривање на трети лица, освен во случаи предвидени со закон.
6. Обработувачи кои можат да имаат пристап до Ваши лични податоци
Право на пристап до личните податоци може да имаат и следниве категории на обработувачи:
- Субјекти кои вршат услуги на достава (карго достава, поштенски, курирски, како и други вид услуги за достава);
- Надворешни лица кои даваат ИТ услуги, со цел одржување на веб-страната и целокупниот воспоставен електронски систем кој го користиме;
- Субјекти кои нудат сервисни услуги кои се состојат во поправки на производите и останатка техничка поддршка
Ве уверуваме дека соработуваме само со обработувачи кои обезбедуваат доволна гаранција за примена на соодветни технички и организациски мерки на таков начин на кој обработката ќе се одвива во согласност со законски предвидените услови и барања и ќе обезбедува заштита на правата на субјектот на личните податоци. Обработката на Вашите лични податоци од страна на трети лица – обработувачи ја регулираме со договор или со друг правен акт во согласност со закон. Обработувачот не може да ангажира друг обработувач без наше претходно писмено овластување.
7. Управување со согласности
Статусот на дадената согласност (давање или повлекување согласност) може во секое време да биде променето од корисникот, преку следните канали: е-маил порака, писмено барање (преку нашата веб страна) и во продажниот салон. Согласноста за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг што корисникот/купувачот ја дал или нејзиното повлекување е секогаш валидна за целите за кои што се одлучил корисникот/купувачот дека треба да биде валидна.
8. Соработка со трети страни
При секоја посета и/или користење на нашата интернет страница, не е исклучена можноста да се наиде на веб страни на трети лица со кои соработуваме. Затоа, ги известуваме корисниците/купувачите дека доколку наидете на врски кои ќе ги упатуваат на други интернет страници кои им припаѓаат на трети лица, ние не сме овластени да ја контролираме нивната содржина, ниту можеме да имаме увид во начинот на кој обезбедуваат заштита на личните податоци. Воедно, не сме одговорни за постапките на вработените или други лица кои се овластени да работат на веб страните кои се поврзани „кон“ и „од“ нашата веб страна. Секоја од овие веб страни може да има сопствена Политика за приватност.
9. Политика за заштита на лични податоци на лица под 18 години
Согласно законските решенија, малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дадена дозвола од страна на нивните родители/старатели. Ние, во ниту еден случај нема намерно да земеме (собираме и обработуваме) лични податоци на лица кои не навршиле 18 години, ниту да ги проследиме нивните лични податоци на трета страна, без претходно добиена дозвола од страна на нивните родители/старатели.
10. Директен маркетинг
Директен маркетинг е комуникација остварена на било кој начин (е-маил, смс, телефон, пошта итн ) со цел испраќање на рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал која е насочена директно до корисникот. Личните податоци кои се прибираат и обработуваат преку интернет страницата може да се користат за директен маркетинг единствено доколку е дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат.
Корисникот кој сака да биде дел од директен маркетинг може при самата регистрација на профил на интернет страната да даде согласност или пак таквата согласност да ја даде по писмен пат, со пополнување на писмена согласност во продажниот салон на Артист.
Собраните лични податоци не ги користиме за оценување на одредени лични аспекти поврзани со корисникот, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на неговите професионални обврски, економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.
Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страната со избирање на опцијата: “Се согласувам на мојата e-mail адреса да примам специјални понуди и попусти” или писмено, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг за испраќање на известувања, маркетинг материјали, специјални понуди и попусти на Вашата е-меил адреса, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго Ваше право во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.
Со давање на согласноста за директен маркетинг корисникот редовно ќе добива вести, промоции и новости кои содржат информации за услугите и случувањата поврзани со Артист и кои содржат директни понуди за корисникот. Следејќи ги одредбите на Законот за заштита на личните податоци, Артист може во секое време да демонстрира дека добил валидна согласност и дека води евиденција за тоа кој се согласил за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг, во кој момент и на кој начин. Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, да ја измени/ограничи или повлече дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг преку доставување на соодветно барање до Артист, со кое корисникот има право да побара увид во обработката на неговите лични податоци, да побара исправка на неговите лични податоци, ограничување на обработката, како и целосно бришење на неговите лични податоци од евиденцијата на Артист. Доколку сакате да поднесете Барање за пристап/дополнување/измена/бришење или ограничување на обработката на Вашите лични податоци, кликнете тука.
Ваквото повлекување на согласноста за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг не се поврзува со губење на било кое друго право на давателот на согласноста во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата. Деталите за профил ќе бидат целосно избришани од база на податоци во најбрз можен рок, но не подоцна од 30 работни дена откако ќе се поднесе горепсоемнатото Барање.
Артист не продава, разменува или споделува лични податоци и информации за своите клиенти со трети лица за цели на директен маркетинг, освен со обработувачите кога е потребно за да ги обезбедат услугите на Артист за цели на директен маркетинг. Со сите обработувачи Артист има склучено договори согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во согласност со оваа политика за директен маркетинг.
10. Политика за користење Колачиња (Cookies)
Нашата интернет страница artist.com.mk користи колачиња (“cookies”), кои овозможуваат подобро функционирање на страната, но и подобро и оптимизирано искуство за корисниците. Колачињата се мали текстуални датотеки (делови од код), кои имаат за цел да се подобри корисничкото искуство при посета на страницата. При посета на веб страната, колачињата се поставуваат на уредот на корисникот и тие чуваат различни видови информации за неговата посета. Тие истекуваат по одреден временски период, кој може да е неколку минути до една година. Колачињата најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста, состојба на најавување, информации за навиките на пребарување, но никогаш не содржат лични или приватни податоци за корисникот.
Преку колачињата, страницата ги препознава корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.). Во најголем дел, колачињата го подобруваат Вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.
Повеќето колачиња може да се избришат или блокираат. Поставките на прелистувачот за промена на поставките за колачиња обично се наоѓаат во менито “Options” или “Preferences” на Вашиот прелистувач. Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страна. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.
При првото пристапување на веб страната www.artist.com.mk ќе добиете порака која што Ве известува дека користиме „колачиња”. Со кликнување на полето “се согласувам”, затворање на прозорецот или со продолжување со користење на веб страната Вие изјавувате дека сте ја разбрале Политиката за користење на колачиња објавена на нашата веб страна. Ова известување содржи и поле „Поставки за колачињa” со цел Вие самите да одберете кои колачиња со информации за Вашата посета ќе бидат зачувани. Не е задолжително да ги прифатите сите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време.
Ние ги употребуваме следните видови колачиња:
Задолжителните колачиња – ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно.
Неопходни колачиња (necessary cookies) – помагаат една веб-страна да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничката за купување, наплата, електронски пораки и слично. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно и оптимално.
Статистички колачиња (Statistical cookies). – ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации.
Офицер за заштита на лични податоци
Во продолжение, Ви го претставуваме нашиот Офицер за заштита на личните податоци:
Име и презиме: Александро Денковски
Контакт телефон: 02/321 66 40
Е-маил адреса: [email protected]
Во случај на укажана потреба од дополнителни појаснувања, како и прашања кои се непосредно поврзани со собирањето и обработката на Вашите лични податоци, во секое време можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, за што Ви стојат на располагање горенаведените контакт податоци.
Промени на Политиката за приватност
Оваа Политика ќе биде предмет на постојано следење на новите законски трендови од аспект на обезбедување на современа заштита на личните податоци по највисоки стандарди. Повремена адаптација на оваа Политика може да биде резултат на додавање на опции или подобрувања на перформансите и функционалноста на веб страната.