Поврат и рекламации

Враќање и замена на производи

Почитувани потрошувачи,

АРТИСТ СИСТЕМС ДООЕЛ нуди можност за замена на производот што е купен во продажниот салон или преку онлајн продажба во рок од 15 дена од купувањето.

ВАЖНО: По истекот на овој рок, производот не може да се врати ниту замени и истиот подлежи под сервис.

Замената може да биде направена исклучиво доколку се исполнети следните наведени услови:

  1.        Производот да не е употребуван и заедно со амбалажата да е во иста состојба како што е купен (без никакви оштетувања на производот и амбалажата)
  2.        Амбалажата несмее да биде оштетена на било кој начин и истата мора да ги има фабричките пломби и етикети.
  3.        Купувачот мора да ги приложи фискалната сметка и пропратната документација.

Замената потрошувачите може да ја реализираат во салонот од каде е издадена фискалната сметка.

***Важно: За производи кои се продаваат без амбалажа и фабрички пломби, како и за производи кај кои постојат индиции дека се употребувани, производот претходно се праќа на овластен сервис кој ќе потврди дека производот е автентичен, не е употребуван и не е оштетен .

Во случај да нема заменски производ и купувачот побара поврат на платениот износ, средствата за купениот производ се враќаат во иста форма како кога е платен производот:

1.     Доколку сте го платиле истиот во готово, ќе бидат вратени средствата во готово.

2.     Во случај кога сте го платиле со платежна картичка, средствата се враќаат преку сторнирање на трансакцијата во матичната банка.

         –       Во ваков случај постапката од наша страна се врши веднаш, меѓутоа процедурата во банките може да потрае и до 30 дена, во зависност од банката
         –       Важно: Повратот на средствата најчесто се евидентира на вашето конто со датум на кој била направена трансакцијата, т.е. кога производот бил купен, а не на датумот кога е вратен производот или кога сте ги добиле средствата назад.

За замена / враќање на производ купен online на нашата интернет страница artist.com.mk важат истите услови погоре со напомена дека сите трошоци за транспорт/достава на производот се на сметка на купувачот.

Доколку клиентот лично го донесе производот/ите во одделот за интернет продажба и производот ги исполнува условите за замена, замената/повратот на средства ќе биде извршен веднаш.

Доколку клиентот сака производот да го врати преку служба за достава, потребно е претходно да го најави истото преку имејл. По пристигањето и извршена проверка на производот ќе биде реализирана замената/повратот на средства за истиот.

Reklamacioni list možete preuzeti ovdje – potvrda o prijemu reklamacije.pdf.

Кошничка
Scroll to Top