Peavey Delta Woods™ – нова серија половни акустични гитари

Многу често повторуваме, па еве повторно 🙂 МУ СЕ ВОСХИТУВАМЕ НА PEAVEY! Откако постои, од 1965. Peavey се докажаа како прави иноватори и го добија вниманието од најголемите ликови во светот на музиката.

Истовремено, Peavey никогаш немаат заборавено на најбројанта популација на музичари, а тоа се сите оние кои имаат ограничен буџет за занимавање со музика, поќчетници или ентузијасти музичари. Со глванта задача за одржување на рејтигнот кој го поседуваат како производители на висококвалитетни инструменти за професионална употреба, Peavey дојдоа до рецепт и за поволни буџет инструменти кои едноставно звучат и изгледаат одлично.

Peavey Delta Woods™ е обновена серија на акустични гитари кои преку следните 4 модели дава можност сите да започнат да се бават со музика без компромис на звукот и удобноста во свирењето.

Peavey Delta Woods™ CNS-2

Понудата започнува со класичната школска гитара CNS-2 која отскокнува од повеќето конкурентни гитари. Ако ја земем предвид изработката, квалитетот на материјалите и подобрувасата како шипката вметната во вратот, која овозможува долготрајна употреба, CNS-2 е перфектен избор кој потполно ќе го поддржи корисникот, но ќе ги симири и сите кои финансиски вложуваат во музичарот, бидејќи знаат дека парите ги вложиле во квалитетен и долготраен инструмент.

Акустичните вестерн гитари со метални жици од Delta Woods™ серијата претставени се преку 3 модели со можности за гитариститекои бараат прецизно прилагоден инструент за совите потреби :

Peavey Delta Woods™ DW-1

Delta Woods™ DW-1 e акустична гитара со познатиот “dreadought” облик со полн и гласен звук , благодарејчи на големото и резонантно тело изработено од најпознатите комбинации на дрво : смрека и махагони. За свирачите кои бараат поволен инструмент за домашна забава, за компонирање и опуштање со песна, DW-1 е идеален избор.

Peavey Delta Woods™ DW-2

За оние со нешто повеќе истенчен слух, следниов модел DW-2 нуди подобар звук благодарение на горната плоча изработена од целосно (полно) дрво од смрека. Овака обработената плоча од смрека обезбедува избалансиран и богат звук низ целиот фреквенциски спектар, што го ценат сите кои се вклучени во светот на гитарите. Геометриски идентична со претходниот модел DW-1, DW-2 има иста удобност при свирење.

Peavey Delta Woods™ DW-2 CE

Третиот модел на вестерн акустични гитари од Delta Woods серијата, DW-2 CE, е гитара наменета за настапи во живо и едноставно снимање во домашно студио. Опремена со електроника која ја прави да е озвучена акустична гитара (позната и како електро-акустична), DW-2 CE е едноставна за поврзување со засилувач или било кој систем за озвучување. Исто така, има вграден кроматски тјунер кој го олеснува брзото штимање, особено пред публика кога сакаме да ги намалиме несовршенствата.

Кошничка
Scroll to Top